Нема проток на патници на ГП Богородица, оние што излегуваат е на своја одговорност
Foto

Нема проток на патници на ГП Богородица, оние што излегуваат е на своја одговорност

Мирно и без проток на патнички возила. Ваква е сликата на ГП Богородица на македонско грчката граница  веќедва месеци откако Владата заради пандемијата со коронавирусот  ги затвори сите гранични премини кон Грција за да го спречи ширењето  на вирусот Ковид 19. 

Овде поминуваат само товарни  возила кои вршат превоз на стоки. Дневно по околу 1000 товарни камиони кои се упатуваат кон македонските градови или пак земјава ја користат како транзит.Транспортерот Младе Стојиќ од Србија влегуваше во земјава и кажа дека во сите земји има мерки кои се почитуваат.

„Сите носаат маски. Се почитуваат мерките.По продавници ,затворени објекти, при товарање или растоварање на стоката што ја превезуваме и немаме никакви проблеми по граничните промини. Нема проблеми и на патиштата и се е нормлано.“

Македонско грчката граница кај Богородица во последните 24 часа ја поминале само 839 грагани претежно транспотери. За влез во земјава најмногу странски државјани . Од Македонија кон Грција излегле 214 лица камионџии и лица на свој ризик    

Министерот Чулев не прецизираше кога ќе бидат отворени граничните премини кон соседна Грција каде во овој период преку викендите најчести гости беа македонските државјани .

Македонските здравствени власти велат дека до средината на идниот месец ќе биде отворена македонско грчката граница за проток на патници но се зависи од ситуацијата со коронавирусот во двете земји. Министерот Филипче не прецизираше дали ќе се барат тествови и на чиј трошок

Нашата екипа цели два часа денеска околу пладне беше на Богородица и не регистрираше проток на патници.

Ако не беше пандемијата со коронавирусот, на овој граничен премин ќе вриеше од возила заради продолжениот празничен викенд. Лани во овој период повеќе од илјадници македонски државјани заминуваа на викенд одмор или шопинг во Грција, но сега сликата е многу поразлична.

0 Коментари

Остави коментари