Нема поместување на ставовите околу законот за дигитализација на учебниците

Дигитализација на учебниците ќе има, министерката за образование Мила Царовска не отстапува од рефрмата. И по најавените протести на родителите кои се против замената на хартиени учебници со дигитални, Царовска е децидна- родителите можат да протестираат бидејќи тоа е нивно загарантирано право.

Реагират од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Наместо Царовска да промовира ароганција, мора да ги слушне аргументите на родителите. 

Не може ароганцијата на министерката да биде поважна од аргументите на родителите. Се надеваме дека аргументите на родителите ќе бидат сослушани и дека на крајот тие ќе бидат вградени во било кое идно законско решение што се однесува на сите ученици.

Родителите кои се незадоволни од дигитализацијата во сабота ќе излезат на улица во знак на протест во сите градови низ земјава и протестен марш во Скопје..Изреволтирани се што надлежните немаат слух за нивните барања и од страна на МОН не беа повикани на повторна средба за да се најде заедничко решение за нивното незадоволство од предвидената реформа. Средношколски глас денеска даде јавна поддршка за протестот за како што велат да се изборат против овие штетни реформи, додека пак од Сојузот на средношколци се оградуваат од учество во протестите бидејќи тие не се против дигитализацијата.

Родителите се пожалија и кај народниот правобранител, а според него при спроведување на една ваква сериозна реформа задолжително треба да бидат консултирани учениците, родителите и наставниците.

Дигитализацијата на учебниците треба да започне од следната учебна година за учениците од четврто одделение, а потоа етапно да се воведува во погорните одделенија.