Нема поместувања на позициите на власта и на опозицијата околу законот за СЈО
Foto

Нема поместувања на позициите на власта и на опозицијата околу законот за СЈО

Остануваат суштинските разлики во преговорите меѓу власта и опозицијата во врска со Законот за ЈО брифираат извори од Министерството за правда откако викендов работната група на ВМРО-ДПМНЕ ги доставила своите материјали до ресорнорното министерство на разгледување за овој закон. Според истите извори од министерството

„Предлозите на ВМРО-ДПМНЕ во врска со статусот на СЈО, персоналниот состав и иднината на истрагите не се во склад со експертските препораки и меѓународните мислења особено во пресрет на преговорите за членство на земјава во ЕУ.“

ВМРО-ДПМНЕ пак не отстапуваат од тврдите позиции да запрат сите истраги на СЈО заклучно со 30 јуни 2017 та година а од владејачката СДСМ пак и денска велат дека имаат јасно определени критериуми до каде може да се оди бидејќи се друго во спротивно, би било на штета на државата .

Од ВМРО-ДПМНЕ пак денеска појаснуваат оти во амандманите кои викендов ги доставиле до работната група пишува и дека се против опцијата за преземање на истрагите на СЈО од страна на останатите обвинителства и нивно понатамошно процесирање. Останатите амандмани кои што се однесуваат на транспарентноста во работењето на Јавното обвинителство и етичките норми начелно се усогласени. Работните групи на власта и опозицијата досега одржаа неколку средби во изминативе две недели за Законот за јавно обвинителство со кој треба да се реши и статусот на Специјалното јавно обвинителство а се очекува таквите средби да продолжат и во следниот период. За законот пак да ја помине собраниската процедура потребно е двотретинско мнозинство.

0 Коментари

Остави коментари