Нема пол-позиција за Ферстапен, казнет е со три места уназадување
Foto

Нема пол-позиција за Ферстапен, казнет е со три места уназадување

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен нема да стартува од првата позиција на трката за Големата награда на Мексико, која се вози вечер.

Тој имаше најдобро време во квалификациите, но беше казнет со три позиции поради тоа што не го почитувал жолтото знаме, развиорено поради излетувањето на Валтери Ботас, во последните мигови од квалификациите.

Ферстапен два часа по завршувањето на сесијата беше на сослушување кај судиите, каде што дал изјава, а неговите зборови биле споредени со видео снимките и со телеметријата од болидот.

„Возачот на болидот 33 (Ферстапен) призна дека бил свесен дека болидот 77 (Ботас) излетал и видел болид лево од патеката, но не бил свесен за жолтото знаменце. Исто така, призна дека не ја намалил брзината во тој дел од патеката. Кога ќе се земе тоа во предвид, тој добива пад од три позиции и два казнени бода“, објасни судијата.

Макс Верстапен одговори со краток коментар за казната изречена од страна на стјуардите во Мексико. Пилотот на Ред Бул беше санкциониран со три места на стартната линија и ја загуби својата пол-позиција, бидејќи не намалил брзина при кренато жолто знаме поради несреќата на Валтери Ботас.

На сослушувањето со стјуардите, Холанѓанецот признал дека не намалил и дека го видел автомобилот на Ботас, но тврди дека не го забележал жолтото знаме.

„Многу е разочарувачки да добиеш казна пред трката. Ферарито ќе биде многу брзо, а животот на гумите ќе биде клучен, но ние имаме многу добар автомобил, па борбата треба да биде неизвесна, рече Верстапен.

Тоа значи дека првата позиција ќе ја доби Шарл Леклер од Ферари, а по него ќе бидат Себастијан Фетел и Луис Хамилтон, Ферстапен ќе почне дури четврти.

Трката за ГН на Мексико се вози вечерва со почетокот во 20 часот со директен пренос на ТВ 24.

0 Коментари

Остави коментари