Нема отштета за угинати свињи од нерегистрирани фарми
Foto

Нема отштета за угинати свињи од нерегистрирани фарми

Селските домаќинства кои одгледуваат свињи за сопствена употреба, да ги заколат или да ги понудат за откуп на месната индустрија ако немаат воведено или ако биосигурносните мерки им се на многу ниско ниво, апелира и денеска Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) со цел спречување евентуална појава и ширење африканска свинска чума во земјава.

Отштета ќе добијат само регистрираните сточари кои ги имаат имплементирано биосигурносните мерки на фармите и чии евентуално заразени грла ќе бидат убиени и нештетно уништени од страна на надлежните органи. 

Африканска свинска чума, освен во Бугарија, од завчера е потврдена и во Србија. Ја има и во уште дваесеттина други земји, а се шири и зема се поголеми размери. Од вчера во земјава почна вонредниот отстрел на диви свињи, како една од превентивните мерки што подолго време интензивно се реализираат.

0 Коментари

Остави коментари