Нема нови заразени со корона, се чекаат резултатите на 12 лица кои се тестирани

Корона вирусот го намали интензитет на сообраќај и присуствота на луѓе на најфрекфентните места во текот на денешниот ден.

Автобускиот превоз е редуциран, намалено е движењето на повозрасните лица. ЈСП Скопје од утре времено ги укинува бесплатните годишни и средношколски и студентски билети. Како што информираат од Јавното претпријатие, времено се укинува и бесплатниот превоз за пензионерите.

Училиштата, градинките и сите образовни институции се затворени.

Освен родителите кои имаат деца до 10 години кои треба да се ослободат од работните места , истата оваа препорака важи и за лицата со хронични респираторни заболувања, тешки кардиоваскуларни, со малигни заболувања, со дијабетес тип 1, други имунокомпромотирачки состојби, како и бремените жени. Ова се само дел од препораките кои министерот за здраство ги објави со цел да се спречи ширењето на вирусот корона.

За непочитување на препораките тој истакна дека ќе следуваат казни согласно членот 205 и 206 од кривичниот законик.

Културните центри ги затворија вратите за посетителите, нема претстави, одложени се сите концерти и јавни манифестации. Градското кино Милениум во следните две недели нема да има проекции на филмови, сите настани во МКЦ се одложени, додека киното Cinepplexx го ограничува бројот на 100 посетители на проекциите.

Во наредните 30 дена, по препорака на Владата, спортските натпревари ќе се играат пред празни трибини, меѓу најважните за публиката е бараж натпреварот за пласман на ЕУРО 2020 помеѓу Македонија и Косово.

Но македонските фудбалери испратија барање да се одложи натпреварот помеѓу Македонија и Косово со цел на новиот датум истиот да се одигра пред публика. Порака испрати и капитенот Горан Пандев кој побара шанса да се радуваат заедно со навивачите.