Нема нови случаи освен осумте кои ќе ги испитува Министерството за здравство по наводите на Кедев
Нема нови случаи освен осумте кои беа доставени и ќе бидат предмет на анализа на интерната комисија која ја формираше министерството за здравство по надовите на кардиологот од државната клиника Сашко Кедев дека во приватни болници се правеле непотребно операции, за профит.
Од Министерството за здравство велат дека до овој момент нема пријавено нови случаи, освен осумте сомнителни кои беа поднесени од лекари од државните клиники за кардиологија и кардиохирургија.
Додека интерната комисија веќе започна со проверките, засега нема информации кои ќе бидат имињата на странските лекари кои ќе ја сочинуваат комисијата која ќе треба да го утврди финалниот извештај.
Министерство за здравство
„Процесот е во тек за административно финализирање на комисијата на странските експерти, а ќе зависи од обемот на работата. Процесот ќе биде максимално транспарентен. Наодите од анализата на интерната комисија ќе бидат во најскоро време доставени до стручната комисија составена од странски експерти, а извештајот од интерната комисија ќе биде објавен на веб страницата на Министерство за здравство“.
Во меѓувреме своја комија треба да формира и Лекарската комора која ќе врши стручен надзор.
Од комората веќе најавија дека откако ќе ги добијат документите од Министерството за здравство ќе фомираат комисија од минимум тројца лекари. Како што веќе нагласија, ќе бидат лекари кои нема да бидат вработени во институциите каде ќе се вршат надзорите. Според лекарската комора наводите дека непотребно се вршеле операции на срце кај пациенти се тешки и сериозни обвинувања и мора да се истражат во целост.

