Нема нови случаи на туберколоза во земјава покажаа тестовите од прифатниот центар во Визбегово

Резултатите се негативни на сомнителните лица на туберкулоза од прифатниот центар Визбегово. Ситуацијата е стабилна уверуваат докторите.

Од Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза велат дека лицата кои биле сомнителни на туберкулоза од Прифатниот ценатар Визбегово, ги направиле соодветните тестирања-резултатите се негативни. Во моментов има 39 негативни резултати.

Токму денеска на одбележување на борбата против туберкулозата, директорот на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, д-р Сеад Зејнел вели дека од интерес е да се откријат случаите и навремено да се започне со соодветно лекување, а воедно и да се прекине ланецот на ширење на туберкулоза. 

Директорот д-р Сеад Зејнел, вели дека општата слика за туберкулозата во земјава е дека има единаесетина пациенти кои се лекуваат-на возраст од 20-60години. За спречување на туберкулозата во земјата потребно е мултисекторски пристап, потребно е унапредување на грижата на ранливите категории.

Во денешните обраќања Д-р Дукаѓин Османи од Институтот за јавно здравје, д-р Ане Јохансен-претставничка на Светска здравствена организација и шефица на канцеларијата на СЗО во државава, како и д-р Мира Дашиќ директорката на здравствената мрежа на Југоисточна Европа истакнаа дека Македонија во последните 15години има пад на заболени од туберкулоза. Помалку од 10 случаи на 100 000жители.

Изминатава година 144 случаи со туберкулоза се откриени во земјава. Туберкулозата не е заборавена и искоренета, но сепак е излечива. Што се однесува за двеиполгодишното дете болно од туберкулоза, кое е хоспитализирано на Детската клиника е во живото загрозувачка состојба и механички се одржува во живот, потврдуваат од Клиниката за ТВ 24.