Нема македонски универзитет на Шангајската листа

Македонските универзитети повторно ги нема во првите 1000најдобри на Шангајската листа. На најновото академско рангирање објавено денеска највисоко котираат универзитетите „Харвард“, „Стенфорд“, Институтот за технологија во Масачусетс, „Кембриџ“ и „Беркли“.

Од регионот, на позициите меѓу 400 до 500 место е рангиран Универзитетот во Белград, кој се наоѓа и на прво место на национално ниво во Србија, во истиот ранг  се љубланскиот,загребскиот и атинскиот Универзитет. Универзитетот во Нови Сад пак се наоѓа на позиција меѓу 900 и 1.000 то место на Шангајската листа или втор на национално ниво во Србија.Универзитетот во Солун се наоѓа  на позциите меѓи 500ини и 600 ини најдобро рангирани на Шангајската листа, Универзитетот  во Крит меѓу 600 и 700 место.

Во последното рангирање објавено на 25 април, единствениот македонски универзитет кој го има на листата, „Св. Кирил и Методиј“ падна зa 20 места и сега се наоѓа на 1.964 место од 2.000 универзитети.Според професорската фела потребни се итни стимулативни критериуми кои ќе овозможат да не се пропаѓа секоја година се повеќе и повеќе на листата. 

Во последните три години Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) забележа пад од 47  места во однос на минатата година, според Центарот за рангирање на светски универзитети.