Нема мајмунски сипаници во земјава
Во земјавата нема мајмунски сипаници. Сомнежите беа расчистени откако синоќа, по четиридневна неизвесност негативен се покажа резултатот од тестот на Кичевецот кој беше суспектен дека е заразен со мајмунски сипаници.
- Пациентот е негативен, нема потреба за понатамошна изолација, останува единствено да се третира за основната болест, но како ќе се третира и кога ќе биде укината изолацијата ќе одлучи Центарот за јавно здравке од Битола кој што го води здравствениот надзор, потврди за МИА портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ.
И Министерството за здравство, синоќа, исто така соопшти дека од Институтот за јавно здравје се информирани дека резултатот од испитувањето на брисот земен од пациентот од Кичево суспектен на мајмунски сипаници е негативен.
- Потсетуваме дека Институтот располага со доволно количество тестови за детекција на мајмунски сипаници, а тестирањето се врши по индикација утврдена од специјалист инфектолог. Во соработка со Комисијата за заразни болести и Светската здравствена организација внимателно се следи состојбата со мајмунски сипаници во светски рамки, наведоа од МЗ.
Досега во земјава беа пријавени два суспектни случаи, кичевецот кој неколку дена одбиваше да биде тестиран, и мигрант хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести, кој беше негативен на тестот.
Поради тоа што немаше законска можност пациентот од Кичево да биде „присилен“ на тестирање, Комисијата за заразни болести достави предлог до министерот за здравство да се предложи здравствен надзор на ова лице. Тоа овозможи со помош на Државниот санитарен здравствен инспекторат и Министерството за внатрешни работи да биде лоцираат лицето со цел да се тестира.
Претходно, Комисијата препорача воведување мерки изолација/карантин и тоа изолација во домашни или болнички услови на сомнителните случаи за мајмунски сипаници до нивно тестирање, изолација на потврдени случаи во домашни или болнички услови до завршување на болеста или зацелување на крастите, како и секојдневно епидемиолошко следење на контакти на потврдени случаи со мајмунски сипаници за време на траење на инкубацискиот период од 21 ден. Оваа одлука е доставена до Министерството за здравство, со цел да се преземат сите неопходни превентивни мерки.мунски сипаници.