Нема кој да ги собира шумските плодови од Беласица иако има огромна побарувачка за нив

Беласица има огромен потенцијал со шумски плодови и лековите растенија но нема кој да ги собира.

Вака се пожалија откупувачите кои сметат дека ова планина може да биде извор на суровина и за преработувачки капацитети. Огромни колични на боровинки, капини малини, костен, печурки има на Беласица но за жал последниве години се помалку лица се занимаваат со собирање на шумски плодови.

Митко Костов од Смоларе цели 65 години се занимава со собирање на шумкси плодови. Собира чаеви, но и боровинки. Тврди дека има заработувачка од овој бизнис но за жал нема кој да го наследи.

70 одсто од шумските плодови на Беласица не се искористуваат сметаат од здружението . Здружението Натура Нова кој реализира проект за брендирање на преработки од шумски плодови од Беласица.

Општина Струмица до Државниот завод за индустриска сопственост ќе треба да поднесе пријава за брендирање на производите и преработките од шумски плодови од планината Беласица.