Нема греење, ниту топла вода за студентите во домот „Кузман Јосифовски Питу“
Foto

Нема греење, ниту топла вода за студентите во домот „Кузман Јосифовски Питу“

Единствениот студентски дом во Скопје кој што се грее на екстра лесно гориво деновиве функционира без топла вода и без греење. Студентите започнувајќи од 4ти јануари во зимските денови живеат без основните услови за живот. Ова е сликата од студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“.

Проблемот е во испораката на нафта од дирекцијата за нафта и нафтени деривати, од кои стигнало допис до студентскиот дом дека до 31.01 нема да вршат испорака поради попис- вели за ТВ 24, директорот на студентскиот дом, Виктор Велевски.

Загревање вода во тенџериња за да се искапат, некој пак основните хигиенски потреби ги извршуваат кај пријатели, на минусни температури греење нема. Студентите се жалат, оставени сме на милост и немилост на временските услови.

„Се случувало и претходни години, само не волку долг период. Со ситуацијата се справуваме така што кога немаме греење пуштаме греалки, а за топла вода одиш кај пријател или фамилија во Скопје.“ - вели студент.

Тотална неодговорност и потценување на студентите, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од надлежното министерство за образование велат дека во моментов работат на надминување на овој проблем. Со овој проблем се соочува само студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“, бидејќи останатите домови во Скопје се врзани за централното градско греење.

0 Коментари

Остави коментари