Нема економски прогрес без борба против корупцијата
Foto

Нема економски прогрес без борба против корупцијата

Пост-пандемското закрепнување, иднината на односите меѓу ЕУ и Западен Балкан, отворените прашања, криминалот и корупција - во фокус  на Самитот на Западен Балкан во организација на лондонски „Економист“.   

Потребно е решавања на клучните проблеми како криминалот и корупцијата во земјава но и регионот, панелистите децидни - иднината на земјите од Западен Балкан е во рацете на самите држави.   

Регионот исправен пред нов предизвик -  подигнување на регионалната конкурентност, наместо заострување на меѓусебната конкуренција - порачаа економските екперти.     

Македонија е одлична дестинација за инвестиции со поволна и предвидлива бизнис клима – порача вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи на панелот за економски политики во рамки на Самитот на Западен Балкан.  

На самитот, кој се организира во време кога светот се соочува со високата и нестабилна цена на електричната енергија - премиерот Зоран Заев и денеска подвлече можна економска криза врзана со инфлацијата но, смирува Владата ќе интервенира во случај на евентуални ценовни шокови. Дека инфлацијата, во земјава e умерено повисока, посочуваат и од Народната банка, но таа е главно увезена.

0 Коментари

Остави коментари