Нема договор за зголемување на минималната плата, нова средба во петок
Ништо од минималецот од 18.000 денари за работниците. И по повеќе од 3 часа маратонски разговори на Економски-социјалниот совет во Влада не паднал договор за минималната плата од 18.000 денари.
Првиот човек на синдикалците револтиран од односот на работодавачите кои не прифатиле работниците да добијат зголемен минималец, додека за Владата рече дека ги поддржа заложбите на синдикалците. Во петок нова рунда преговори но и најава за штрајк и протести доколку работниците не го добијат минималецот од 18.000 денари.
За Владата се неприфатливи барањата на синдикалците веднаш возврати вицепремиерот за економски прашања. Фатмир Битиќи кој рече дека за минималецот на работниците ќе се допреговара. За него не с еприфатливи барањата на ССМ, рече дека е прифатливо да има покачување но за тоа дека ќе с еправат нови анализи.
И додека Синдикалците се револтирани затоа што работодавачите во „пет до 12“ излегле со барање да се смени методологијата за пресметка на минималната плaта. Работодавачите пак нејасни, дале свои предлози ама не објаснија какви, туку дека сакаат нова методологија по која ќе го пресметат минималецот. Не го прифаќаат барањето за зголемување од 18.000 денари.
До петок ќе се купува ново време за нови преговори. Во меѓувреме штрајкувачките одбори на ССМ се активирани доколку во петок не падне договор штрајкот се активира.