Нема договор за влада меѓу Заев и Ахмети
Foto

Нема договор за влада меѓу Заев и Ахмети

Оптимизмот не заврши со договор - Заев и Ахмети не подадоа рака за формирање на нова Влада. По двочасовниот разговор зад затворените собраниски врати лидерите на СДСМ и ДУИ и поранешни коалиционери излегоа без насмевка на лицето. Главната пречка во преговорите и двајцата не ја кажуваат.

На прашањето до Заев дали албанец - премиер е сопка во разговорите со Ахмети,  тој само кратко одговори дека нема да соопштува детали затоа што ќе му наштети на преговарачкиот процес помеѓу партиите.

За Ахмети пак преговорите се толку блиску колку што се и далеку, а најважен е националниот интерес, вели тој. Сепак, за тоа  дали македонец- премиер е прифатливо решение за ДУИ, Ахмети одговари дека не треба да има предрасуди.

Два часа претходно, точно во 16 часот пред Собранието се чини како да имаше поголем оптимизам. Лидерот на ДУИ при влезот во Законодавниот Дом, за тв24 кажа дека ќе има владинио мнозинство и дека не врши притисок врз Заев.

За разлика од него,  Заев немаше коментари.

Заев во текот денот обвини дека Ахмети му врши притисок лично него , на СДСМ и коалицијата Можеме со тоа што Ахмети ги покани лидерите на помалите албански партии на денот од одбележувањето на Охридскиот Рамковен Договор да седнат на иста маса и да разговараат за изборите од 15 јули. По средбата во Собранието,  Заев кажа дека ако поводот е Охридскиот Рамковен довогор, и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ треба да се таму, затоа што и тие се потписници на Договорот кој се слави на 13 август.

Ахмети на ова у одговори дека Рсамковниот договор не е темата на разговор, туку барањето и повикувањето на албанскиот блок партии да седнат на заедничка маса. Но зошто токму сега , во време на преговори за нова Влада и на еден ден пред истекот на рокот за доделување мандат од страна на претседателот, за Ахмети не е прашање, затоа што не станувало збор за притисок.

Во меѓувреме официјалниот став на Алијанса за Албанците,БЕСА ,Алтернатива е дека се уште се размислуваат, неофицијално пак, не планираат да седнат на маса во четврток со Ахмети.

0 Коментари

Остави коментари