НЕМА ДОГОВОР ЗА ПЛАТИТЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО – СОНК ЌЕ ЧЕКА УШТЕ ДВЕ НЕДЕЛИ, ПА ОДИ НА ШТРАЈК

Уште една неуспешна средба меѓу СОНК и министерството за образование -нема договор за зголемувањето на платите на просветните работници. Министерот Арбер Адеми денеска на маса ја понуди истата опција – покачување на платите за 10 отсто од април следната година, што за СОНК е неприфатливо. Синдикалците бараат повисок процент и покачување од јанураи. Доколку не се најде компромис до 10-ти ноември, излегуваат на генерален штрајк.

- „Наше убедување е дека министерот и владата ќе направат максимум напори да излезат во пресрет на барањата на нашата организација СОНК и ќе излезат со предло којшто ќе биде прифатлив за сите. Во спротивно навистина би ги употребиле сите наши синдикални средства, а тоа веќе не е тајна, со одлука е предвидено и донесено, ќе бидеме приморани нашите права да си ги бараме со генерален штрајк.“ - Јаким Неделков – претседател на СОНК.

Адеми изрази надеж дека нема да се соочи со генерален штрајк во образованието, бидејќи вели нуди долгорочно решение и покачување кое го смета за историско.

- „Штрајк за мене лично како министер за образование и наука е сосема непотребен, бидејќи штрајкот се организира во околности и услови кога нема решение, а ние нудиме репение и тоа трајно решение – сега три месеци порано или покасно секако дека имаат влијание, но долгорочно истиот ефект го имаме.“ - Арбер Адеми – министер за образование.

Предизборните пазарења за повисоки плати досега резултираа со неколку неуспешни средби, а нов состанок двете страни договорија за до крајот до неделата. Во предизборието растот на платите станува жешка тема, освен образованието, повосоки плати побара и здравството, а синдикатот на вработените на Клинички, дури отворено порача дека ако има повоски плати – на контото на власта ќе им и повеќе гласови.