Нема договор за изборниот законик – Македонија губи 4,2 милиони евра, партиите со меѓусебни обвинувања за саботажа

Пропадна и последниот ден од грејс периодот кој партиите можеа да го искористат за да се договорат околу изборниот закони. Премиерот Мицковски уште претпладнето иако ги повика да направат обид сепак вели дека не е оптимис, бидејќи како што рече имало отсуство на зрелост кај политичарите. а земјата губи 4,2 милиони евра сретства од ЕУ.  

Сепак партиите денеска наместо во собрание да ги пеглаат разликите околу изборниот законик решија тоа да го направат преку партиски сопштенија и Ф.Б статуси откако Левица ги обвини токму СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ дека заедно го имаат договорено однапред осудениот на пропаст изборен законик наведувајќи 

Левица 

- Одбивањето на СДСМ да се вклучи во опозициско обединување околу една изборна единица припаѓа на вториот вид и претставува свесна саботажа!

СДСМ останаа цврсто на тајниот договор со ДПМНЕ за Изборниот законик да остане недопрен - како оперативна спогодба меѓу актерите на стариот поредок со цел овој модел да преживее бидејќи токму тој модел ги храни нив и оди на штета на Левица. Секој од нив, преку многумандатни изборни единици нацртани со хируршка прецизност тежнеат да ја заштитат сопствената положба и обезбедуваат пратенички места несразмерни со реалната тежина што ја имаат кај граѓаните. 

Од Бихаќка пак експресно возвратија на соопштението на Левица обвинувајќи ги пак дека тие соработувале со ВМРО-ДПМНЕ 

СДСМ

Левица повторно ја игра улогата на сателитска партија на ВМРО-ОКГ.Наместо да биде дел од опозицијата, таа продолжува да ја штити власта на Христијан Мицкоски со напади врз СДСМ и со спречување на секој обид за опозициско обединување.Левица не е опозиција. Тоа е партија за ништо. Партија против НАТО во земја членка на НАТО.Партија против ЕУ во земја кандидат за членство во Европската унија. Проруска партија во земја чиј стратешки партнер е Соединетите Американски Држави.

Вчера и евроамбасадорот Рокас уште еднаш ги повика партиите да седнат да се договорат за да можат македонските граѓани да ги добијат сретствата од ЕУ фондовите . Без изборниот законик кој е дел од реформската агенда Македонија ќе остане покуса за 4,2 милиони евра.