Нема договор за избор на главен државен ревизор

Комисијата за избори и именувања и денеска не го избра државниот ревизор. Пратениците на маса разгледуваа две имиња, Насер Адеми кој што дојде како предлог на ДИ и Адем Цури кој го предложи владеачката СДСМ.

Расправата беше прекината од страна на претседателот на комисијата Илија Димовски бидејќи како што рече пратениците од власта не успеале да го обезбедат потребното мнозинство гласови за да помине нивниот предлог. Токата ќе се разгледува и на некоја од наредните седници на комисијата.

Државниот завод за ревизија е речиси две години е без главен ревизор, а мандатот на вршителот на должноста истече на 5 октомври. НА Некоја од наредните седници на комисијата за избори и менувања, пратениците ќе расправаат и за апанажа на Катица Јанева.

За ова информираше претседателот на комисијата Илија Димовски кој што рече дека до оваа комисија пристигнати се две барања за апанажа, едното на иницијатива на адвокатката на Јанева, Ирена Фрчкоска а другото барање од самата Катица Јанева.