Нема договор, штрајкот продолжува во училиштата и градинките
Foto

Нема договор, штрајкот продолжува во училиштата и градинките

Во училиштата и градинките ќе се штрајкува петти ден, зашто сѐ уште нема договор за повисоки плати на вработените.

МОН вчера повика наставата да продолжи, а паралелно да има преговори, на што СОНК одговори дека без прифатлив предлог и понуден процент за покачување на платите, не може да го прекинат штрајкот.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири рече дека го почитува правото на штрајк, како уставно и законски загарантирано, но дека синдикалното раководство треба да му даде предност на социјалниот дијалог и додека тој трае, редовната настава да продолжи, притоа потсетувајќи на загубеното во изминатите две години поради пандемијата.

0 Коментари

Остави коментари