Нема договор меѓу Заев и Касами, преговорите продолжуваат
Нема договор меѓу БЕСА и премиерот Зоран Заев, преговорите продолжуваат подоцна, неофицијално брифираат за ТВ 24 партиски извори.
Неофицијално, она што е на маса е формулацијата која што е актуелна во пасошите на албански јазик, за државјанството, да биде вметната во уставниот закон. Според истите извори, спорна е токму интервенцијата во уставниот закон. Дека се бара решение за да ги задоволи двете страни, порача денеска и премиерот Зоран Заев.
„Ако бидеме креативни, ќе изнајдеме решение. Овој процес може да биде гаранција дека ќе се обезбедат пратениците. Не можам да кажам дали ќе има 80 пратеници. Деновите се избројани. Јас мислам дека денес треба да се гласа првиот амандман. Ако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не се во Собранието, логиката кажува дека треба да се гласа. Одговорноста за процесот секој ќе си ја понесе. Ако се изгласа, среќата ќе ја споделиме“ - порача денеска премиерот Заев.
Поради тоа што не е постигнат компромис, неофицијално поради тоа е одложувањето на денешната седница. Стартот е во 15 часот.

