Нема датум за преговори - предложен статус на земја асоцијативен член на ЕУ

Албанија и Македонија ќе мора да чекаат по јуни за датумот за отворање на преговорите за членство со Европската унија.

Еден месец по состанокот на лидерите на европската унија, претседателот на европскиот совет, Шарл Мишел се врати во Тирана, не со датум за првата меѓувладина конференција, туку со предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон.

Македонија, Албанија и земјите од Западен Балкан да добијат статус на асоцијативна земја во Европската унија.