Нема да се одложат претседателските избори во САД
Foto

Нема да се одложат претседателските избори во САД

Белата куќа синоќа потврди дека претседателските избори во САД ќе се одржат како што е закажано, на 3. ноември.

Марк Медоуз, шефот на кабинетот на претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека изборите ќе се одржат во закажаниот термин и на нив ќе победи актуелниот шеф на државата.

Трамп во четвртокот побара одложување на изборите со образложение дека голем број од граѓаните ќе гласаат по пошта, а тоа ќе влијае врз регуларноста на изборите. Идејата беше отфрлена од демократските и републиканските преставници во Конгресот на САД. 

0 Коментари

Остави коментари