Нема да се исполнат договорените количини, сушата го преполови родот на ајварката
Привршува бербата на црвените пиперки во струмичкиот регион, но заради екстремно високите температури преку летото, родот годинава е намален и тешко дека може да се исполнат договорените количини како за конзервно преработувачктие капацитети така и за извоз. Ова го потврдуваат и трговците откупувачи кои сметаат дека прогнозите се дека 60 одсто од договорените колични ке бидат испорачани.
Земјоделците кои ги берат последните количини црвени пиперки тврдат дека годинава им е преполовен родот, пред се заради високите температури иако ги наводнвуале засеаните површини кои од година во година се намалуваат со пиперки од сортата куровска капија.
Заради се поизразените климатските промени, индустриските црвени пиперки во стурмичко последниве години се произведуваат под пластеници и се помалку на отворено иако овој крај важеше за еден од најголемите производители на ова градинарска култура.