Нема да има македонски навивачи на трибините во Амстердам
Foto

Нема да има македонски навивачи на трибините во Амстердам

Македонските навивачи нема да може да ја бодрат фудбалската репрезентација во последниот натпревар од групната фаза на Европското првенство со Холандија во Амстердам.

Амбасадата на Холандија во Македонија информираше дека Македонците кои имаат купено карти за натпреварот нема да можат да патуваат за Амстердам со оглед на тоа дека нашата земја и натаму е на листата држави на чии граѓани им е забранет влез поради ковид – 19.

За разлика од Букурешт, македонските навивачи нема да можат да патуваат во Амстердам за да ја бодрат нашата репрезентација, ова го потврди и амбасадата на Холандија во Македонија.

„За претстојниот фудбалски натпревар помеѓу Северна Македонија и Холандија, ве информираме дека забраната за патување во ЕУ за граѓани од трети држави (вклучувајќи ја и Северна Македонија) е сѐ уште во сила. Може да патувате во Холандија само доколку сте во една од категориите кои се изземени од забраната за патување“, се вели во соопштението на Холандската амбасада во Македонија.

Тоа значи дека за разлика од Букурешт, во Амстердам единствено македонските иселеници кои се во Холандија и кои успеале да купат карти ќе им дадат поддршка за фудбалерите.

Мечот меѓу Холандија и Македонија е закажан за 21 јуни.

0 Коментари

Остави коментари