Нема бесплатен ручек - децидни се експертите

Шест милијарди евра или 40 проценти од домашниот БДП е исклучително висока сума за Македонија,мора да се знае прецизно како тие пари ќе се апсорбираат во домашната економија вели универзитетскиот професор Борче Треновски кој сугерира дека истите мора да се потрошат на места каде повратот ќе биде значајно поголем за да можат полесно да се вратат, а притоа да има економска активност.

За бадијала никој не дава пари ако нема некој интерес смета универзитетскиот професор Ванчо Узунов кој пак е скептичен по однос на договорот за стратешкото партнерство со Обединетото кралство. 

Земјите како Македонија треба да бидат особено внимателни кога се во прашање нови задолжувања оти се полесно ранливи на меѓународните шокови додаваат од научната фела.Долгорочно, континуираното задолжување без соодветни реформи може да ја загрози економската стабилност на земјата.

Светската банка препорачува зајакнување на буџетската дисциплина, подобрување на ефикасноста на јавните расходи и подобрување на наплатата на даноците за справување со растечкиот долг.