Нека им е со среќа, им порача Мицкоски на Ахмети и Снопче за најавите за протести и излегување од Владата
Нека му е со среќа – вака премиерот Христијан Мицкоски му одговори на лидерот на ДУИ Али Ахмети кој што вчера за ТВ 24 изјави дека ДУИ се подготвува за протести и дека дестабилизација на државата значи прекршување на Охридскиот договор. Мицкоски со порака и до коалициските партнери од Вреди. Ако се закануваат дека ќе ја напуштат Владата ќе мора тоа и да го направат.