Нејмар го престигна Роналдо по број на голови за националниот тим
Foto

Нејмар го престигна Роналдо по број на голови за националниот тим

Бразилскиот напаѓач Нејмар ноќеска постигна хет-трик во квалификациски дуел за Светското првенство 2022 против Перу. Средбата во Лима заврши со триумф на кариоките од 4:2.

Со трите погодока Нејмар стигна до 64 на своето конто во репрезентативниот дрес. Легендарниот Роналдо во кариерата дојде до 62 погодоци.

Лидер на вечната листа на стрелци кај Бразилците останува Пеле со 77 голови.

0 Коментари

Остави коментари