Неизвесно кога ќе биде разгледан од владата новиот предлог закон за заштита од пушењето

Владата се уште преговара со засегнатите страни за  законот за заштита од пушење – нема конкретни информации што е прифатено од забелешките досега и дали е пресметано колкави финансиски импликации ќе има од новите измени, но премиерот и ресорниот министер се децидни дека сегашниот закон нема никаква примена и тоа мора да се реши.