Неизвесно дали пратениците ќе можат да одлучуваат онлајн, власта и опозицијата со непроменети ставови
Дали и кога пратениците кои се во изолација или со ковид-19 ќе можат да се вклучат во работата на Собранието се уште не се знае.
Претседателот на законодавниот дом Џафери кој го поднесе предлогот за дополнување на деловникот за работа на парламентот, се уште не го ставил на пленарна седница. Пратеничките групи се поделени во ставовите.
Од понеделник почнува комисиската расправа за буџетот и се скратуваат можностите за одржување други седници. СДСМ и ДУИ се за поддршка на предлогот, додека пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Алтернатива велат дека тоа е противуставно.