Неизвесен стартот на учебната година, на потег е владата
Foto

Неизвесен стартот на учебната година, на потег е владата

Неизвесен страт на новата учебна година. На потег е владата откако Комисијата за заштита од заразни болести предложи учениците до трето одделение да одат во училиште, а за останатите онлајн настава.

Координативниот кризен штаб од мон побарал да ги приспособи протоколите за моделите на настава врз основа на предлогот на комисијата и да достави податоци за бројот на  ученици,  просторните услови во училиштата.

Откако протоколите ќе се усогласат со предлогот од комисијата, тој ќе биде ставен на дневен ред на седница на владата, веројатно идната недела. Додека се чека конечната одлука на надлежните во однос на учебната година, се очекува отворањето на градинките, откако претходно комисијата за заштита од заразни болести одобри тие да започнат со работа.

0 Коментари

Остави коментари