Во тешка состојба е најстариот музеј во земјава - велешкиот. Меѓу шесте вработени, има само еден археолог, а недостигаат и други кадри - проблемот е што министерството за финансии долго време одбива да даде согласности, вели директорот на музејот Ангел Коруновски.