„Нефрон“: Да се зголеми клиничкиот капацитет за трансплантација на бубрег од починат донор

Чекањето на нов бубрег трае со години, но маката да се оди на дијализа е голема, велат бубрежно болните кои бараат да се зголеми клиничкиот капацитет на  трансплантации на бубрег од починат донор со што би се намалил бројот на пациенти кои се на дијализа. 

167 пациенти чекаат на листата на трансплантација на бубрег од починато лице  но од Здружението Нефрон велат дека потребата е многу поголема. 

Од Клиниката за нефрологија пак, апелираат да се подигне свеста кај семејствата кои би можеле да донираат органи од нивните блиски починати лица. 

Од ФЗО тврдат дека од втората половина на годината ќе разговарале за воведување на потребните нови лекарства за бубрежно болните, а доколку имало доволно средства во буџетот, и за зголемување на клиничкиот капацитет за кадаверични трансплантации на бубрег.