Нефи Усеини поднесе оставка од Советот на Општина Охрид
Контроверзниот советник од ДУИ Нефи Усеини поднел оставка од позицијата во Советот. Оваа информација за тв 24 ја потврдија од Општина Охрид. Од таму велат дека точката е ставена како предлог за разгледување на следната седница која е закажана за во петок.
Против советникот од редовите на ДУИ се води судска постапка, чии рочишта двапати по ред се одложуваат. А последното кое требаше да се одржи вчера се одложи поради тоа што Усеини бил во самоизолација поради ковид 19.
Усеини и неговиот брат Ибро во притвор беа 16 денови, а судот ги ослободи откако тие дадога гаранција имот во вредност од 850 илјади евра, откако беа приведени поради нападот на нивниот сограѓанин, Спиро Топалоски.
Усеини во Охрид е познат и по своите дивоградби, како и во низа други физички напади на граѓани.