Недоволна грижа за старата градска архитектура во Охрид и Струга

Дел од старата архитектура во Охрид и Струга пропаѓа. Познатите автентични куќи во стариот дел на Охрид оставени на забот на времето. Во струшката чаршија состојбата е уште полоша, дел од куќите се опасност за минувачите.

Со оглед на тоа дека некои кои не се под заштита исчезнаа целосно или се распаѓаат, од Завод и музеј велат дека треба да се маркираат таквите објекти и да им се даде некој режим на заштита.

Екологистите и граѓанските активисти се на став дека освен што не се води грижа за наследството туку и се повеќе му се менува ликот порачуваат при реставрацијата на споменичните добра, на куќите и сокаците во стариот град, да се користат идентичните стари техники на градење.

И странските експерти порачуваат дека во Охрид треба да се направи внимателен спој на старата архитектура со модерните детали кои нема да влијаат на препознатливиот амбиент. Под заштита во старото охридско градско јадро се 88 објекти, а во целиот регион 250.