Недостигаат келнери, шанкери, готвачи и останат персонал кој замина на печалба во Хрватска

Угостителството се соочува со голем недостиг на персонал за работа. Дефицит има на келнери, готвачи шанкери. Недостигаат и рецепционери во хотелите, собарки и друг персонал.Причина е што огромен број вработени заминаа на работа во странство, најголем дел во Хрватска.
 
Никола Петрески е готвач од Струга кој уште пролетта замина на работа во Хрватска. Вели се работи доста но се заработува одлично.Платите за келнерите се движат од 800 до 1200 евра плус бакшиш а готвачите достигнуваат и до 3000 евра месечна плата. Најчесто нашинците одат на сезонска работа таму но во последно време се одлучуваат да си ги земат и семејствата и трајно да се преселат во оваа земја.
 
Од средното угостителско училиште ги повикуваат младите да се насочат во хотелско туристичката струка, бидејќи е најбарана на пазарот на трудот.
 
Од ХОТАМ велат, во екот на сезона и нашите компании во туристичкиот сектор се моќни да даваат плата од 1000 евра, но проблемот се јавува од октомври до мај, кога се немоќни да ги покријат основните трошоци.Бараат измени во законот и во земјава да може да се вработуваат странски државјани со минимални документи.