Недостатокот на работен кадар го вклучи алармот за зголемување на плати
Растот на платите во земјава се должи пред се поради недостатокот на работен кадар - ова е ставот на ССМ - по објавата на Државниот завод за статистика дека за една година нето платата во Македонија е зголемена за 16 отсто. од Сојузот на синдикати за ТВ 24 велат дека работодавачите конечно решија да го одврзат ќесето и да го вреднуваат трудот на работниците. Но, сепак илјадници граѓани ниту повисоките плати не ги премислија да заминат од земјава и да работат во регионот или во западно европските држави.
„Голем дел од работната сила се одлеа од државата, особено од градежниот сектор, угостителство, туризам, и ќе забележиме дека во летниот период повеќе нема работници затоа што во една Црна Гора, Србија или Хрватска и да не зборуваме з аСловенија или нагоре во западно европските земји, ќе видиме дека платите се двојно па и трипати повисоки од Македонија. Кај нас факт е дека платите растат можеби во сите сектори и повеќе од 16 отсто но тоа не е доиволно да се задржи истата куповна моќ која ја имале луѓето бидејќи имаме 20 отсто реална инфација во државата.“
ПЛАТИ ПО СЕКТОРИ
Преработувачка индустрија 31 713 денари
Снабдување со вода 28 750 денари
Градежен сектор 35 700 денари
Трговија 33 900 денари
Транспорт 35 129 денари
Администрација 30 500 денари
Доколку детално се проанализира извештајот на статистика ќе може да се забележи дека најголемиот дел од вработените месечно заработуваат под просечната плата во државата која изнесува 36 илјади денари. Во преработувачката индустрија просечната плата изнесува 31 илјади евра, што е за пет илјади помалку од просекот. Во секторот снабдување со вода 28 илјади денари е просечната плата или осум илјади помалку од просекот. Градежниците се блиску до просечната плата и во пшросек заработуваат 35 700. Трговија на големо и мало речиси 34 илјади денари, транспортните работници 35 129. Платата кај административни дејности изнесува нешто над 30 илјади денари.
Ова се секторите каде работат најголемиот дел од граѓаните.
„Официјалните податоци на статистика велат дека и натаму комплутерџиите имаат највисоки плати во приватниот сектор кои надминуваат 1200 евра, веднаш зад нив се граѓаните кои се дел од финансиските дејности кои заработуваат околу 1000 евра.“
За да се сопре заминувањето на стручниот кадар, работодавачите ќе мора да го продолжат трендот на зголемување на платите.
„Имајќи во предвид дека голем дел од работните места кои се со висок степшен на ризик, и оние луѓе кои се изложени на надворешни влијанија а особено во градежништвото веќе платите не треба да бидат под 40 или 45 илјади денари. Зборуваме за технички кадар, за луѓе со средно образование не зборуваме за инжињери или раководители тие не треба да се во ниту еден момент под 60 или 70 илјади денари.“
Дел од граѓаните кои ги затекнавме денеска велат дека реално платите мора да растат за граѓаните да имаат пристоен живот.
„Ова е статистички, но можно е да има покачување на платите во некои фирми каде што работи млад кадар, што се висококвалификувани, стручни.“
„Зголемувањето е многу мало, затоа што животните трошоци се многу поголеми, и многу зголемени од пандемијата наваму. И навистина не е фер, ние се гледаме, се знаеме и нема смисла веќе да не лажат. “
Од септември вработените од јавниот сектор ќе добиваат повисока плата за 10 отсто, а од први август избраните и именувани функционери ќе си ја трошат петта зголемена плата за 78 отсто. Иако од владата најавија дека експресно тоа ќе го променат, постапката за измени на законот за плати по се изгледа дека нема да се случи за брзо време.