Недостасуваат професионални готвачи во туристичките центри

И угостителството е во сериозен проблем поради недостигот на работна сила. Келнери, шанкери, готвачи дефицитарни се сите работни позиции во туристичките центри Охрид и Струга. Но особен недостиг има кај готвачите. 

Загрижува и тоа што се помал е интересот за изучување на гранката. Младите и понатаму иднината ја гледаат во странство.

Но проблемот со дефицитот на професионални шефови е евидентен и низ другите градови низ државава. Готвачите од Кавадарци велат пандемијата уште толку го зголеми иселувањето. 

Сепак готвачите - шефови имаат надеж дека ќе дојдат подобри времиња за нивната фела.

За да ги мотивира граѓаните да се одлучат да се занимаваат професионално со кулинарство, Здружението „Охрид шефс“ врши курсеви за готвачи за сите генерации.