Неделков за ТВ 24: Апелирам веднаш да се отпочне со процесот на санирање на последиците ако минималната плата од 18 000 денари остане само за една категорија

претседателот на СОНК Јаким Неделков во емисијата 24 анализа рече дека кај нас, вработените во дејноста имаат едни од најниските плати во регионот и од тој аспект вршат притисок врз централната власт за зголемување на платите во дејноста.

- Кога и како ќе се случи тоа ќе зависи од преговорите кои очекуваме да започнат овие денови, пред се со министерот за образование и наука, но според тоа што го договараме. Тука ќе треба да се инволвира и дел од владата и министерството за финансии. Ние дадовме разумен рок каде сметаме дека ќе има усогласување на ставовите помеѓу СОНК и Владата и министерството за образование и до 15 март очекуваме да се испеглаат нашите барања и во мартовската плата која се исплаќа во април, преодот од 15.200 на 18 000 да нема турбуленции. Апелирам веднаш да се отпочне со процесот на санирање на последиците ако 18 000 останат само за една категорија.- вели Неделков.