Неделен микс - Скопско лето по 43ти пат

Фестивалот „Скопско лето“ со 30тина настани оваа година го завзема културниот простор и ова лето. Основата на програмата на фестивалот ја претставуваат домашни уметници, но годинава има и голем избор на меѓународни програми.

Во најновото издание на емисијата Неделен микс, директорот на фестивалот, Никола Глигоров зборува за значењето на Скопско лето.

Фестивалот ќе заврши на 30 јули, со џез-концертот на Ори Драган од Канада.