Недела неработен ден - дали законското решение ќе се изгласа предизборно?
Foto

Недела неработен ден - дали законското решение ќе се изгласа предизборно?

Уште три дена народните избраници имаат можност да ги изгласаат законските измени со кој се предвидува недела да биде неработен ден. Во Собранието кавга, пратениците од владејачкото мнозинство ја обвинуваат опозицијата дека ги кочи измените. 

Опозиционерите вратија – ние сме во Собранието, вие не закажувате седници.

Од најголемиот синдикат во земјава ги повикаа пратениците да престанат со политички игри и да ги изгласаат измените на Законот за работни односи.

„Апелираме пратениците да се пребројат и прекалкулираат уште еднаш, што тие губат и каква штета на работникот му прават, а воедно каква штета си прават и тие самите.“ - се вели во соопштението на ССМ.

Граѓаните согласни дека на работниците им треба одмор, но сепак треба да работат неопходните дејности.

Измените на Законот за работни односи се заглавени во собраниската Комисија за труд и социјална политика. Откако ќе поминаат на оваа Комисија, треба да бидат изгласани на пленарна седница. Со предвидените измени е предвидено 92 отсто од работниците во одредени дејности да одмараат во недела.Од Владата велат ако не се изгласа законот во септември, ќе се одложи за ноември или декември.

 

0 Коментари

Остави коментари