Небиу за ТВ 24: Луксузната гардероба и предмети на Боки 13 вредат 600 000 евра, наскоро одат на продажба

Дритон Небиу директорот на Агенцијата за управување со одземен имот во емисијата 24 анализа објасни дека со секоја акција на МВР што и да се запленува, законот обврзува дека таа роба или стока треба да се предава во Агенцијата за управување со одземен имот и тој се занимавал со сите предмети за да се почне постапка за проценка, вклучувајќи го и Бојан Јовановски чија луксузна гардероба наскоро ќе биде понудена на продажба на аукција.

- За Боки 13 е направена проценка на целиот текстил зошто тој поседува разни артикли, текстил, чевли, очила и ташни од скапи брендови. Целосната проценка на сите артикли што ги имаме од страна на Бирото за судско вештачење изнесува околу 600 000 евра кои за краток временски период ќе бидат објавени и ги охрабрувам сите граѓани да учествуваат и да ги купат на јавна аукција со надавање. Ден пред тоа тоа ќе го објавам на прес конференција. - рече Небиу.