Небиу за ТВ 24: Имотот на Груевски вреди речиси 2 милиони евра
Дритон Небиу директорот на Агенцијата за управување со одземен имот во емисијата 24 анализа објасни дека запленетата роба или стока опд Бирото за судско вештачење треба да се предава во Агенцијата за управување со одземен имот со огледа на тоа што одземениот имот го чува на државата без разлика кому им припаѓа, вклучувајќи го и дел од имотот на поранешниот премиер Никола Груевски кој ќе се даде на продажба.
- Истите сопственици, без разлика дали се моќни или немоќни, имаме секаков вид. Без разлика чиј е тој имот нас законот не обврзува да постапиме, ако не постапиме, ќе имаме проблем. За поранешниот премиер Никола Груевски сме покренале иницијатива пред управниот одбор и предложив да се продават неколку од становите што ги поседува. Со правосилна пресуда се одземени три и покрај овие станови, одземени се три апартмани во Панорама Резиденс, два со површина од 200 м2 проценети на 600 000 евра и еден од 155м2, проценет на 570 000 евра, од Бирото за судско вештачење. Со продажбата на овие имоти, ако сето тоа успешно завршено со аукција, во буџетот ќе се вратат 1 950 000 евра. Имаме уште два недвижни имоти, земјиште коешто освен овие пари, сумата ќе се зголеми. Во тек се сите пероцедури. Секој недвижен имот од Груевски и Мијалков ќе одат на продажба и нема ниту еден притисок да влијае врз тоа и јас го спроведува законот и извршувам судска одлука. Нема кој може да ни го спречи патот кога се работи за интерес на јавноста. Подалеку рацете од Агенција. - рече Небиу.