Небиу за ТВ 24: Целиот конфискуван имот на Мијалков вреди над 20 милиони евра
Дритон Небиу директорот на Агенцијата за управување со одземен имот во емисијата 24 образложи дека никој не е над законот. Во однос на имотот на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, рече дека пред два месеци кога биле објавени на јавна аукција биле продадени два стана во Охрид и едно градежно земјиште.
- Тие станови и земјиште е веќе продадено, тие пари се вратени во буџетот, сумата е околу 250 000 евра. Од сметката на осудениоот во буџетот се вратени околу 6 100 000 евра, извршена е промена сопственост на хартии од вредност во корист на државата и тоа на 7213 обични акции во Стопанска банка Битола во износ од 350 000 евра. Извршена е конфискација на 23 станови и 9 гаражни места. Два апартмани во хотел Панорама резиденс, два во хотел Парк, Охрид кои се веќе продадени со земјиштето, градежно земјиште во Центар, Богородица, деловен простор. Вкупниот процент хна сиот овој имот е проценет над 21 450 000 евра, кои ако успешно заврши секое јавно надавање, тие пари ќе се вратат во буџетот. Тој имот е во сопственост на државата и истиот ќе може да се купи и ќе се префли на име на купувачот веднаш штом се продаде. - рече Небиу.