Небезбедни патишта во Пробиштип
Foto

Небезбедни патишта во Пробиштип

Патот Крупиште - Пробиштип опасен по живот, се жалат жителите на пробиштипските села Бучиште и Пишица. Задоволни се што по повеќемесечна изградба од јули годинава се вози по нов асфалт, но стравуваат за своите животи бидејќи и по четири месеци, патот не е обележан. Нема сообраќајни знаци, па и покрај тоа што патот минува низ две села се вози многу брзо.

Жителите на Пишица бараат соодветните институции до крај да си ја завршат работата, за да не се случат немили настани кога гинат пешаци поради немање на соодветна сигнализација по патиштата во населените места. Според нив проблем има и со новата обиколница на експресниот пат кон Кочани на што се жалат возачите на камиони.

Пред неколку денови побаравме став од Министерството за транспорт и врски. Но до изготвувањето на овој прилог не добивме одговор кога ќе заврши обележувањето на оваа делница и дали до нив се пријавени проблеми со обиколницата од новиот експресен пат кон Кочани. Надлежните институции одговор најавија од понеделник.

0 Коментари

Остави коментари