Не запира растот на инфлацијата
Растот на инфлацијата не запира. Државните статистичари измерија зголемување за 4,8 отсто на трошоците на живот во месец мај во споредба со изстиот месец лани. Податоците од најновиот извештај покажуваат дека во анализираниот период најмногу се зголемиле трошоците за транспорт на граѓаните и тоа за 11 отсто, веднаш зад нив се зголемените трошоци за набавка на пијалаци 9,8 отсто, алкохолните 9,3 а безалкохолните 4,7 отсто. Пресметките на статистика вели дека во петиот месец од годинава има раст буквално на сите трошоци кои ги имаат домаќинствата, од домување, здравствени услуги, рекреација, посета на културни манифестации, образование, угостителски услуги.
Овој извештај е уште еден показател дека платите на македонскиоте работници не стасуваат до 15ти во месецот, а како ли за цел месец да ги покријат трошоците, велат од ССМ. Синдикалците се на став дека платите мора да растат.
ССМ: „Половина од работниците живеат со плата под 600 евра, а една третина се на прагот на сиромаштијата Работникот не е трошок – работникот е темелот на економијата. Работникот не е црна статистика, работникот е столбот на државата. Без работник нема градежништво, нема индустрија, нема шумарство, нема образование, нема култура, нема здравство, нема војска, нема полиција, нема ништо!“
Ваквиот раст на инфлацијата за властите пак е сигнал дека економијата на Македонија е стабилна. Според министерството за економија во овој момент нема потреба од интервентни мерки, и додаваат дека институциите располагаат со механизми кои можат да бидат активирани доколку инфлацијата во наредниот период покаже позначителен раст.
Телоп Министерство за економија: „Меѓу можните мерки се намалување на стапката на ДДВ за одредени основни прехранбени производи, дополнителни мерки за ограничување на ценовните шокови кај производите од основната потрошувачка кошничка, како и креирање таргетирани пакети за поддршка на ранливите категории граѓани. Фактот што годишната инфлација изнесува 4,8%, исто како и минатиот месец, претставува показател дека досегашните политики за одржување на макроекономската стабилност даваат резултати.“
Последната пресметка на минималната кошничка вели дека на едно четири члено семејство му се потребни 68 700 денари. Од нив 25 500 денари се наменети за набавка на храна.

