Не запира поскапувањето,трошоците за живот за една година се повисоки за 3,2 проценти

Животот на граѓаните се поскап – од ден во ден се повисоки цени по маркетите а платите останати исти. Граѓаните од маркет во маркет – бараат поевтина храна а истата се поскапа.

Во последните статистики на Државниот завод за статистика произлегува дека животот е се поскап, па така трошокот  на животот бележи зголемување од 3.2 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 1.2 %. Само за храна и за пијалаци трошоците се зголемил за 5,2 проценти на годишно ниво додека цените на мало за прехранбени производи се повисоки за 4,4 отсто а додека минималната плата непроменета – остана на нешто околу 400 евра.

„Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива за 1.0 %, Ресторани и услуги за сместување за 0.7 %, Услуги за образование, Индексот на трошоците на животот во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, бележи зголемување од 3.2 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 1.2 %.“ – покажуваат податоците на ДЗС. 

Додека трошоците за живот стануваат се поскапи а граѓаните крпат крај со крај, ССМ преку протести и блокади бараат минимална плата од 600 евра и по 100 евра за останатите работници. Од Сојузот на синдикати на Македонија велат дека  постојано укажуваат дека високата инфлација и трошоците за живот, мерени преку синдикалната кошница, драстично ја намалуваат куповната моќ на работниците. Следната недела ССМ излегува повторно со блокади овој пат  пред Влада. 

„Нашите податоци покажаа дека животот поскапел за 6 000 денари. За една година, од податоците што се во синдикалната минимална кошничка може да се види дека најголемиот дел од основните продукти кои што мора да ги платат граѓаните се поскапени во делот на храната и пијалоци. 9 500 денари му недостигаат на четиричлено семејство за да си ги овозможи најосновните производи за живот односно за преживување. Токму тоа е болна реалност а статистиката ништо не ни покажува бидејќи цените по мерките се  повеќе од 3 посто за една година. Една од причините поради која ССМ бара покачување на минималната плата на 600 евра и по 100 евра за останатите работници е токму оваа ситуација која покажува дека работникот не живее туку дека преживува.“- вели потпретседателот на ССМ, Иван Пешевски. 

Последната измерена синдикална минимална кошница изнесува над 65 илјади денари, власта се спротистави на ваквите пресметки и долговреме најавува дека тие како Влада ќе пресметуваат колку изнесува потрошувачката кошница. 

Од министерството за економија во телефонски разгоор ни посочија дека Владината кошница е готова и дека истата треба да биде презентирана на следниот Економско социјален совет кој според најавите од министерството за економија треба да се одржи до крајот на овој месец.