Не стивнуваат реакциите за средбата во Тирана
Не стивнуваат реакциите во домашната јавност по средбата на лидерите на партии на Албанците од Македонија со албанскиот премиер Еди Рама.
Тие од Тирана порачаа дека се разговарало за внатрешнополитичката ситуација во Македонија, европскиот пат и улогата на албанските партии за обезбедување мнозинство за уставни измени, кои се неопходни за продолжувањето на процесот на евроинтеграции.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска со критики до власта - велат средбата не била обична вечера туку средба за спас на политичките кариери на премиерот Димитар Ковачевски и неговиот коалициски партнер, Али Ахмети.
Премиерот Димитар Ковачевски средбата ја оцени како позитивна и добредојдена, бидејќи неговиот албански колега Рама е докажан пријател на Македонија.