Не стивнуваат реакциите за снимката со Талат Џафери
Foto

Не стивнуваат реакциите за снимката со Талат Џафери

Не стивнуваат реакциите кои се однесуваат на собраниската блокада, но и односот и начинот на кој собранискиот спикер Џафери ги водеше продолженијата на седниците изминатите неколку дена.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски денеска со директна порака до Џафери ако има некаков проблем да се обрати на соодветните институции наместо да ги навредува вработените во законодавниот дом. Мицкоски вели блокадата на штетните според нив законски решенија ќе продолжи и во наредниот период и обвини дека односот на владините  коалициски партнери им штети на граѓаните.

Премиерот Ковачевски пак денеска одговарајќи на новинарски прашања во врска со последните случувања во собранието но и снимката која излезе уште еднаш го повтори својот став дека не може да ја коментира автентичноста на истата но и вели блокадата на опозицијата не успеала.

Денеска се огласија и од Левица

- Согласно Кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието на Република Македонија од 11 јуни 2018 година и измените од 28 јануари 2019 година, најмалку што очекуваме е дека, во најкраток временски рок, Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на Собранието ќе изрече јавна опомена и суспензија на пратеникот Талат Џафери, како и забрана да претседава со Собранието во траење од еден месец. - велат од Левица.

И Алијанса за Албанците вчера реагираа по однос на снимката која се појави. Нивниот став беше дека Ваков мобинг и однесување од актуелните власти имало во повеќе институции но сега велат во Собранието му се слушнал гласот. 

Од ДУИ и од  кабинетот на Џафери и денеска молк иако пред почетокот на последната седница изминатата работна недела Џафери рече дека неговата реакција била испровоцирана и изнудена а опозициските медиуми ја толкувале како сакаат.

И додека власта тврди дека успешно се справила со блокадата, а опозицијата пак вели дека на површина излегуваат аномалиите на парламентарното мнозинство со блокадите, Мицкоски најавува и нови чекоири кои ќе ги превзеде ВМРО-ДПМНЕ, а за кои ќе информираат наредната недела.

0 Коментари

Остави коментари