Не се знае кој друг лидер од регионот ќе му прави друштво на Мицкоски на инагурацијата на Трамп
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски е единствениот премиер од регионот, за кој засега се знае дека ќе присуствува на свечената инаугурација на новиот американски претседтел Доналд Трамп, која за четири дена ќе се одржи во Вашингтон.
Покрај него, покана добил и лидерот на Алијансата за Албанците и министер за здравство Арбен Таравари, објaвија медиуми на албански јазик, кои тврдат дека веста е веродостојна. Таравари ќе биде гостин на инaугурацијата покрај премиерот Христијан Мицковски кој ќе биде придружуван од шефот на дипломатијата Муцунски. Дали Мицкоски е и едиствениот од премиер од регионот кој добил покана, како што пред неколку дена се пофали вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски, се уште не се знае.
- Премиерот доби покана. Ова е голем и редок настан, а тој веројатно е единствениот од регионот што ќе присуствува. Тоа зборува многу, не само за земјата, туку и за него лично, за тоа како го гледаат во најмоќната земја во светот. Голема чест е, и убеден сум дека премиерот ќе ја искористи на најдобар начин за да ја претстави Македонија и македонските национални интереси, што на крајот од денот ќе биде од корист за сите нас.
Во исто време, унгарскиот државен секретар Золтан Ковач, тврди дека ниту еден унгарски владин функционер, ниту пак некој странски лидер не добил официјална покана. Според него, тоа е традиционален настан за мирно предавање на власта, а не собир на странски функционери и политичари.
- Секој што присуствува тоа го прави по лична или административна покана, а не во официјално својство, бидејќи ова не е прилика за формални разговори или состаноци, туку има сосема друга цел.
Одлуката за тоа кој и дали воопшто некој од Србија ќе присуствува на втората инаугурација на американскиот претседател Доналд Трамп сè уште не е донесена, велат денеска од Владата на Србија. Откако на првата инаугурацијаво на Трамп, претседателот на Република Српска Милорад Додик предизвика контроверзии околу поканата која всушност не постоеше, засега од Босна и Херцеговина никој не се пофалил со покана, а слична е ситуацијата и со Црна Гора.
Во Хрватска, владејачката ХДЗ е премногу зафатена со неизлегувањето на претстојната инаугурација на Зоран Милановиќ, па дури и не размислува за понеделник и одењето во Вашингтон. Ниту бугарските власти не се пофалија со покани за нивните политички лидери. Наместо тоа, приватни поикани добиле некои бугарски научници и професори. Кој на крајот навистина ќе замине во Вашингтон, а кој ќе ја следи инаугурацијата на телевизиските екрани, ќе се знае во понеделник, на 20 јануари.