„Не се извинуваме за незгодните прашања“ - медиумските работници на протестен марш
„Доста од преговори“, „Не се извинуваме за незгодните прашања“, „Стоп за агресивниот државен Пи/ар“, - медиумските работници на протестен марш од Влада до Собрание.
Медиумските работници на денешниот марш за одбрана на достоинството упатија остри критики кон властите. Потребна е брза и ефикасна имплементација на законите кои ја третираат безбедноста на новинарите, како и имплементација на законите за независно функционално работење.
Претседателите на здружението на новинари и на независниот синдикат, потенцираа дека денешниот марш е израз на незадоволство на новинарите од нападите врз нив и општествените и социо-економските услови во кои се работи. Државните институции и нивните директори имаат проблем да сфатат дека не е транспарентност кога со денови се чека одговор, а се добива пи/ар памфлет за објава. До Владата и до Собранието беа доставени барања-правда за медиумските работници мора да има.
Навредувани и тужени медиумски работници од функционери, вербални и физички напади. Безбедноста на новинарите не е на ниво кое би требало да биде. Апел за итно решавање на проблемите и подобрување на веќе постоечките услови во кои работат и младите новинари.
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го поддржа и се приклучи кон протестниот марш.
- Нападите, етикетирањата и омаловажувањето на медиумските работници, кои зачестија изминатиот период, се апсолутно неприфатливи, особено кога доаѓаат од носители на јавни функции. На овој начин се загрозува професионалното работење и безбедноста на новинарите и се поттикнува омраза и насилство поради што ваквото однесување во ниту еден случај не смее да стане пракса. - велат од АВМУ.
И Народниот правобранител преку соопштение изрази поддршка за протестот на медиумските работници.
- На новинарите или како што уште се наракува седмата сила, мора да им се обезбедат сите услови за работа/за безбедна работа, од причина што тие се најважниот елемент во пренесувањето на информациите до граѓаните, кои имаат право да бидат информирани за сите важни случувања во државата. Професијата новинар мора да биде почитувана, а институциите мора да бидат максимално транспарентни и отворени за соработка, без разлика каков вид вести се пренесуваат. - велат од Народен правобранител.
На одбележувањето на 77 години постоење на Здружението на новинари, медиумските работници уште еднаш порачаа да сопре потценувачкиот однос на јавните функционери, државниот пи/ар да не ја зема работата на новинарите, законите што ги засегаат медиумскте работници да се спроведуваат, да се обезбедат достоинствени плати и услови за работа, но и колективен договор.